Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

КУЧЕ КАСНАЛО 7-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ПАРК ВО ТЕТОВО – Малолетникот повреден на раката додека си играл со другарчињата

На 08.11.2026 година во 19:50 часот, во СВР Тетово, лице на возраст од 45 години од Тетово пријавило дека околу 16:45 часот, во паркот кај „Шарената џамија“, неговиот 7-годишен син бил каснат од куче додека си играл со своите другари.

Според пријавата, кучето, кое било водено на ремен од страна на лице наведено во полицискиот билтен, скокнало и го каснало детето за левата рака.

На малолетникот му била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЛЕДЕН ДЕКЕМВРИ – Температурите ќе паднат до -16 степени, се очекуваат магла и дневен мраз

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ЛИЦАТА ШТО ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Политички реакции по настанот во Гостивар

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

ДЕСК