Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ – 22-годишен скопјанец приведен кај Јегуновце, полицијата му го одзела „фиатот“

На 08.11.2026 година во 10:30 часот, во селото Сиричино, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце запреле патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 22 години од Скопје.

При контролата било утврдено дека 22-годишникот управувал со возилото иако имал важечка мерка забрана за управување.

Тој бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, а моторното возило било привремено одземено. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СО 3,50 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВОЗЕЛ „МЕРЦЕДЕС“ НИЗ БИТОЛА – Полицијата приведе 30-годишен возач

ДЕСК

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН ОПШТ НЕРАБОТЕН ДЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – Еве кога се празнува и кој ќе одмора

ДЕСК