16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
СВЕТ

Столтенберг првпат го поддржа Руте како кандидат за генерален секретар на НАТО, се чека став на само една земја

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за првпат го поддржа холандскиот премиер Марк Руте како кандидат за нов генерален секретар на НАТО, опишувајќи го како „многу силен кандидат“.

Столтенберг разговараше на прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен веднаш по веста дека Словачка и Унгарија ја поддржале кандидатурата на Руте, објавено е на веб-страницата на НАТО. НАТО го избира шефот на Северноатлантската алијанса врз основа на консензус, а 29 земји-членки веќе го поддржаа Руте како наследник на Столтенберг, додека Унгарија, Словачка и Романија беа последни кои се спротивставија на оваа опција.

„Не зависи од мене да го изберам мојот наследник“, рече Столтенберг, но додаде дека Руте е „многу силен кандидат“ кој има големо искуство како премиер.

Со оглед на тоа што романскиот претседател Клаус Јоханис се уште официјално е во игра за нов генерален секретар на НАТО, официјален Букурешт се уште не ја објавил својата поддршка за кандидатурата на Руте.

Сепак, холандскиот јавен сервис НОС објави дека сигурни извори потврдиле дека Јоханис „наскоро“ ќе ја повлече својата кандидатура и дека холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО./Извор:Makfax