Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Собраниската седница за избор на новата влада закажана в сабота

Собраниската седница за избор на новата влада на Северна Македонија е закажана за в сабота во 11 часот.

Гласањето за избор на влада се врши по предлог на составот на владата во целина, со јавно гласање по завршувањето на собраниската расправа, а најдоцна во рок од 24 часа.

Мандаторот Христијан Мицкоски вчера во Собранието го достави предлогот за нова влада и програмата за нејзина работа.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК