39.8 C
Скопје
15. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Kомеморативна седница во Собранието по повод смртта на Стојан Андов

Во 13 часот ќе се одржи Kомеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието по осамостојувањето на државата.

Андов почина на 89-годишна возраст.

„По повод смртта на првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата, Стојан Андов, изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до семејството Андов, како и до неговите колеги, пријатели и соработници. Стојан Андов засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас“, напиша претседателот на Собранието, Африм Гаши./Извор:Makfax