Centar.mk
РЕГИОН

Петковиќ: Приштина има тенденција да го преувеличува бројот на жртви на сексуално насилство

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против сексуалното насилство во конфликти, соопшти дека политичарите во Приштина, на чело со Албин Курти, ги злоупотребуваат жртвите на сексуално насилство за време на конфликти на дневна основа за политички цели и имаат тенденција да го преувеличуваат бројот на жртвите повеќекратно.

„Курти и неговите соработници со години зборуваат за 20.000 жртви на сексуално насилство на Косово за време на конфликтот во 1999 година, иако надлежната институција во Приштина го потврди статусот на жртви на сексуално насилство за помалку од илјада луѓе. Овие официјални податоци стојат и во извештајот на генералниот секретар на ОН од 1 октомври 2020 година“, забележува Петковиќ.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово истакнува дека „истовремено никој не ги спомнува српските цивили кои беа брутално малтретирани и силувани од припадниците на терористичката ОВК во Приштина, иако оваа појава беше масовна“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

C +