Centar.mk
ФОТО: Фејсбк-профил на Зоран Заев
МАКЕДОНИЈАвест

Преспанскиот договор инспирација за грчката претседателка Сакеларопулу, за поранешниот претседател на Франција Оланд и за порашениот премиер на Шведска Лефвен

Завршната сесија со која вечерва завршува првата Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во по повод 6 години од Преспанскиот договор, во организација на Институтт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев, ги вклучува и учеството на повеќемина актуелни, поранешни шефови на држави и влади од Европа и светот, како и десеттици актуелни и поранешни претседатели и еврокомесари на ЕУ и на други меѓународни организации.

Вечерва во атинскиот конзерваториум, каде што се одржува конференцијата, свое присуство најави и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која ќе проследи настапите на поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, поранешниот премиер на Шведска Стефан Лефвен, земаничката претседателка на Владата на Шпанија Јоланда Диаз, како и поранешните премиери и креатори на Преспанскиот договор Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Темата на завршната дебата на конференцијата е „Иднината на Европа“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

C +

Муцунски се сретна со извршната потпретседателка на Европската комисија: нагласена заложбата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди

C +

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК