26.8 C
Скопје
19. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајка во Делчевско тешко повреден 75-годишник

На 12.06.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.,,Браќа Миладинови“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.К.(18) од с.Град, делчевско и патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (75) од с.Габрово, делчевско, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.