Во ноќните часови и утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје во ноќните часови и утре, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Прогноза за 15.06.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=8
Прогноза за 16.06.2024
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9
Прогноза за 17.06.2024
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. UV=8