1. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

МОН: со поддршка од ЕУ изработивме нов електронски дневник, по тестирањето ќе започне неговата официјална примена

Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта.

Првичните проверки се веќе спроведени во координација на Министерството за образование и наука со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата. Организирани се и обуки за ИТ администратори во училиштата каде електронскиот дневник ќе пилотира и интегрирање на евентуални нови сугестии.

Откако целосно ќе заврши фазата на тестирање, ќе следи процес на мигрирање на податоци од сегашниот во новиот електронски дневник, но и внесување на дополнителни податоци во софтверот од страна на училиштата. Предвидено е да се организираат обуки за користење за сите наставници.

Новото софтверско решение ќе ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочуваа во изминатиот период, бидејќи сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на системот.

МОН изразува благодарност до сите чинители во процесот на креирање на новиот интегриран систем за електронска работа на училиштата, а особено до Европската унија која обезбеди финансиска и логистичка поддршка во овој процес и што континуирано ги поддржува напорите за дигитализација и модернизација на образованието во Северна Македонија.

Спонзорирано:


Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК