Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Промоција на „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Дерала и Нешовски: Иднината се случува сега. Да ја прочитаме!

Конечно, книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски се промовира вечерва, во рок барот „Гарсон“, со почеток во 19:30 часот.

ЛИНК ДО ФБ НАСТАН

Најголем дел од книгата е во форма на дијалози меѓу авторите на теми поврзани со напредокот и примената на вештачката интелигенција, како и нејзиното влијание врз општеството, економијата, безбедноста, меѓучовечките односи и низа други аспекти.

Промотори на книгата се проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски. Предвидено е на промоцијата да говорат и авторите на книгата, а модераторка е Биљана Јордановска.

Книгата е 136 страници и изобилува со илустрации генерирани со помош на вештачката интелигенција. Влезот на промоцијата е слободен. Книгата ќе се продава по промотивна цена од 300 денари, информираат организаторите на промоцијата.

ЛИНК ДО ФБ НАСТАН

Извор: Frontline.mk

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК