Centar.mk
СВЕТ

Јужнокорејската армија истрела предупредувачки истрели кон 20 севернокорејски војници

Јужнокорејската армија истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои најверојатно по грешка ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти денеска Генералштабот во Сеул (ГШ).

Според извештаите, околу 12:30 часот по локално време во неделата, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се вратиле на севернокорејската страна по предупредувањето од јужнокорејската војска.

Војската на Јужна Кореја смета дека севернокорејските војници извршувале мисија во демилитаризираната зона и „ненамерно“ ја преминале границата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијански државен секретар поднесе оставка поради удел во ресторан поврзан со мафијата

C +

Руски дрон удри во електрана во Естонија, членка на НАТО

C +

Иран е речиси целосно без интернет веќе 26 дена

C +