Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Температурите прво ќе скокнат до 40 степени, но потоа следува освежување – Метеоцентар ја објави најновата прогноза за времето

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.

Прогноза за 12.06.2024
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. UV=8

Прогноза за 13.06.2024
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 38°C

Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=8

Прогноза за 14.06.2024
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. UV=7

Можеби ќе ве интересира

Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

C +

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК