Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната работна седмица ќе има повремено засилен ветер, а дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени и во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК