18.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple е на пат да претстави нова апликација која ќе ги воодушеви корисниците ширум светот

Apple за само три дена ќе го одржи својот WWDC 2024, каде што ќе презентира многу новости.

Сигурно ѕвезда на презентацијата ќе биде новата верзија на оперативниот систем за iPhone уредите, iOS 18, но покрај неа ќе пристигне и повеќе новости. Марк Гурман од Блумберг пренесува дека американската компанија би можела да претстави и нова апликација на овој настан. За што се работи?

Споменатиот протекувач известува дека компанијата од Купертино би можела да воведе нова апликација наречена „Лозинки“ на WWDC 2024.

Всушност, тоа ќе им даде на корисниците можност да управуваат со лозинките на iOS, iPadOS, macOS, visionOS и Windows уредите на едно место.

Ова ќе биде посебна апликација, или платформа, која ќе се разликува од тековниот iCloud Keychain што се користи на уредите на Apple. Новата апликација на Apple за лозинки ќе биде директен конкурент на услугите за управување со лозинки како LastPass и 1Password.

Во извештајот на Гурман се наведува дека Apple Passwords ќе нуди различни категории за сметки, клучеви за пристап и Wi-Fi мрежи. Дополнително, ќе има можност за синхронизација на сите уреди, како и можност за автоматско пополнување и генерирање на нови лозинки при логирање на различни платформи.

Исто така, апликацијата Apple Passwords може да понуди кодови за автентикација како Google Authenticator, како и можност за увоз на лозинки од други платформи за управување со лозинки.

Потсетуваме дека годишната конференција за програмери на Apple (WWDC) ќе се одржи оваа година на 10 јуни 2024 година во Apple Park во 10 часот по локално време. Фокусот ќе биде ставен на iOS 18, а покрај него американската компанија ќе ги претстави новите верзии на MacOS, iPadOS, watchOS и Vision OS.