18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 09.06.2024 (недела) од 06.30 часот до 11.30 часот, поради одржување на атлетска трка, насловена како „Зегин Аеродром Ран“, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Притоа, стартно – целната позиција на трката е од бул. „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосница со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“ до крстосница со ул. „Владимир Комаров“, на дел од ул. „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), на потегот од крстосница со бул. „Јане Сандански“ до крстосница со бул. „АСНОМ“ како и на дел од бул. „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосница со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ се до крстосница со ул. „Васко Карангелевски“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.