Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

ПЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ ПО ИСТА ЦЕНА – А1 Македонија воведува нови припејд пакети

А1 Македонија денеска објави промени во својата припејд понуда, со нови двонеделни пакети и поголем обем на мобилен интернет во дел од постојните пакети. Компанијата наведува дека неделниот пакет сега вклучува 5 GB наместо досегашниот 1 GB, за цена од 149 денари, со неограничени национални разговори и СМС-пораки.

Воведени се и два двонеделни пакети. Пакетот S нуди 5 GB интернет и неограничени национални разговори за 199 денари, додека пакетот M вклучува 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB за земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари.

Месечниот пакет XL е проширен од 10 на 30 GB интернет за 499 денари, а компанијата објави и понуда за дигитална eSIM-картичка по цена од 49 денари. Новите услови им даваат поголем избор на корисниците што користат мобилни услуги без постпејд-договор.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ПОД ПРИТИСОК – Поскапуваат енергенсите, расте неизвесноста за каматните стапки

ДЕСК

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВЛЕГУВА ВО ТРКА ЗА АЛТА БАНКА – Донесена одлука за учество на берзанската аукција

ДЕСК

Анализа: Владата ја заокружува поддршката од 250 милиони евра, досега реализирани 242 милиони

ДЕСК