16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура, најмногу се пријавени за англиски

Матурантите денеска го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура.

Најмногу кандидати, над 13 илјади се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1.356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија.

Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик.

Државниот испитен центар најдоцна до 8 јули ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.

Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6.341 матуранти од гимназии, 8.230 од стручни и 263 од уметнички училишта.

За да нема препишување, годинава матурантите првпат полагаат училишните холови или спортски сали.

Оние кои нема да положат, ќе може да се пријават за августовската сесија./Извор:Makfax