Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

Пратениците од Европскиот фронт денеска во Собранието најавија иницијатива за собирање пратенички потписи за отворање постапка за уставни измени.

Како што изјави Блерим Беџети од ДУИ, иницијативата се темели на уставната можност предлог за измена на Уставот да поднесат најмалку 30 пратеници.

Тој упати повик до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат иницијативата, оценувајќи дека станува збор за клучен чекор за деблокирање на евроинтегративниот процес.

Беџети посебно ги повика пратениците од ВЛЕН да ја поддржат иницијативата и, како што рече, да ги материјализираат ветувањата дадени пред граѓаните за продолжување на евроинтеграциите.

Од Европскиот фронт предупредија дека со блокираниот статус не е загрозен само евроинтегративниот процес, туку и стратешката стабилност на државата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК

Денес завршува учебната 2025/2026 година – Јаневска со порака до учениците

ДЕСК

Дома се штеди, надвор се полнат торби: Што кажува шопингот преку граница за нашите цени?

ДЕСК