22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 1 833 повици на 112 во последното деноноќие, осум пожари на отворено, внимателност заради почеста појава на змии во населби и секако при појавата на локални кратки, но нагли метео промени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 833 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,94%, а 39,06% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,96%, кон Итната медицинска помош 27,92%, кон пожарникарите 3,25%, а од род АМСМ 0,32% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 730 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,55%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (40%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие. Пожарникарите интервенирале за гаснење запалена ниска вегетација. ѓубришта, депонии трње и нискостеблеста шума и прнар, во: Општина Арачиново, кај с.Арачиново; Општина Тетово, с.Фалише); Општина Велес, с.Раптани; Општина Демир Капија, покрај железниката линија Демир Капија-Гевгелија; Општина Прилеп, покрај патот Прилеп кон с.Селце; Општина Прилеп, кај работнички факултет „Пере Тошев“; Општина Валандово, кај с.Собри и во Општина Гевгелија, во реон на с..Прдејци.

Во ЦУК, на 112, имаше повеќе повици за многу итни случаи, меѓу коишто имаше за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони, пронајдени давеници, за што посебно ЦУК информираше со детали за итните случаи и нивното решавање и сето тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК). Одвојуваме, во оваа прилика, само информации што како пример се потсетување за граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период, Конкретно, вчера беше добиена пријава за змии (Општина Гази Баба) и веднаш на пријавителката и беше пренесено дека служби за фаќање на змии нема, но сепак и беа дадени информации дека и физичките лица има на повик, кои се справуваат и заловуваат змии. Регионалниот ЦУК – Битола, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на ул.„Мирче Ацев“ бр 9 во Прилеп, по што е интервенирано во 13.45 часот од страна на ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари со 1 возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

Се препорачува внимателност при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, на повисоките места – на планините, секако таму каде што ќе ги има, според најавите на метеоролозите на УХМР, а што медиумите редовно и навремено ги пренесуваат.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.