Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.

Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка, соопшти Царинската управа.

Можеби ќе ве интересира

Демократски сојуз: Европскиот извештај е поттик за нов реформски циклус – Нема европска интеграција без независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата

ДЕСК

Мицкоски зборува за „саботажа“, а одговорите за Алта банка се кај него и Славески

ДЕСК

Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен

ДЕСК