16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја денеска неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од улица Гаврил Константиновиќ во населба Лисиче. (Општина Аеродром)

· од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од улица Финска во населба Ченто. (Општина Гази Баба)

· од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од улица Никола Вукмировиќво населба Ѓорче Петров. (Општина Ѓорче Петров)

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Киро Фетак во населба Драчево. (Општина Кисела Вода)/Извор:Makfax