23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мало девојче загина пред градинка во Италија: ја удрила баба со автомобилот кога дошла да си го земе внукот

18-месечната Софија починала во болница во Бреша, Италија, кога во неа удрил автомобил пред градинката додека била со баба си.

Трагедијата се случила во близина на паркинг пред приватен училишен комплекс во главниот град на Ломбардија, во кој се сместени градинка, основно и средно училиште.

Во девојчето удрил автомобил управуван од баба на прваче. Како што пишуваат италијанските медиуми, таа го паркирала автомобилот од едно на друго паркинг-место, но наводно не го видела девојчето.

Малата Софија паднала на земјата и си ја удрила главата.

Брзата помош пристигнала бргу, а девојчето било реанимирано на самото место бидејќи доживеало срцев удар. Потоа ја префрлиле во болница, но малата Софија не преживеала.

И баба ѝ добила неколку скршеници и во шок е пренесена во болница.

Несреќата се случила во шпицот кога децата го напуштаат училиштето, од кои некои биле сведоци на трагедијата./Извор:Makfax