22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Се обидел да се пресоблече, па паднал од ѕид висок 20 метри: трагедијата на Калемегдан

В. М. (39) од Белград загинал синоќа при пад од тврдината Калемегдан, а според очевидци, до несреќата дошло кога се обидел да се пресоблече.

Луѓето што биле во близина забележале маж што се обидел да се облече, па, најверојатно, на тој начин изгубил рамнотежа.

„Видовме дека е сам. Сакаше да го облече горниот дел од облеката. Се чинеше дека ја изгуби рамнотежата. Полицијата и итната помош бргу дојдоа, но немаше помош“, велат очевидци во текот на истрагата.

За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград.

Телото на В. М. (39) од Белград е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина, пишува српски „Телеграф“.

Неофицијално, на полицијата ѝ е наредено да обезбеди видеонадзор од околните камери./Извор:Makfax