Centar.mk
СВЕТ

ОН ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ТРАГЕДИЈА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ХОРМУЗ – 25 загинати морнари и 134 поморски инциденти

Обединетите нации објавија загрижувачки податоци за безбедноста на поморскиот сообраќај на Блискиот Исток. Според информациите доставени до Советот за безбедност, Меѓународната поморска организација евидентирала 134 поморски инциденти и 25 загинати морнари од почетокот на воениот конфликт со Иран во февруари, заклучно со 11 ноември.

Инцидентите се однесуваат на Ормускиот Теснец и поширокиот регион, преку кои поминува значаен дел од светската трговија со енергенси. Бахреин соопштил дека нарушувањата засегнале околу 1.600 пловила и повеќе од 23.000 морнари.

Продолжената нестабилност создава ризици за меѓународниот транспорт, осигурувањето на бродовите и снабдувањето со енергенси. Објавените податоци покажуваат дека последиците од конфликтот не се ограничени само на воените операции, туку директно ја погодуваат и цивилната поморска трговија.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ПОВТОРНО ГО ОТВОРИ НЕБОТО – По речиси пет часа прекин, авионите повторно полетуваат, но хаосот продолжува

ДЕСК

АМЕРИКА ГИ ЗАПРЕ ПОЛЕТУВАЊАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Сериозни проблеми во авионските комуникации, FAA воведе вонредна забрана поради безбедноста

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК