Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Расправија во Боговиње, Тетово, завршила со убиство.

Педесетгодишен маж со иницијали М.М. е осомничен дека утрово во 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј.. во Боговиње.

Според информациите од полицијата, на убиството претходела расправија.

Петнаесет минути подоцна убиецот бил фатен на улицата Цветан Димов во Тетово, додека возел со својот автомобил од марката „бмв“.

При прегледот на возилото била пронајдена и одземена автоматска пушка.

Мажот е задржан во полициска станица на натамошна постапка, а Јавен обвинител и полициски службеници вршат увид на местото на настанот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК