Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи се до изборот на новата Влада

Од денеска (31.05.2024) со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши.

Досегашниот министер во техничката влада, г. Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста на министерот за внатрешни работи г. Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи.

По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, г. Назим Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +