Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Христов: Гостин сум во сите театари, чест ми е што сум поканет на фестивалот Војдан Чернодрински

„Првпат во животот ја имам таа чест да бидам поканет на фестивалот Војдан Чернодрински со некоја моја претстава. Јас сум практично гостин во сите театри каде што работам и се бавам со претставата до моментот на премиера. А понатаму, дистрибуција на претставата и нејзиното искористување на матичната сцена а и гостувањето на фестивали е работа на самите институции. Како и секој автор се надевам на еден добар прием кај публиката, дека ќе ја сфатат претставата „Хеда Габлер“ и ќе уживаат во неа“ рече театарски и филмски режисер Васил Христов Вуси во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека соработката со актерите Сања Арсовска, Зоран Љутков, Владимир Петровиќ останатите за него претставувало уживање.

„Пак ќе се навратам на адаптацијата, битно ми беше психолошката драма да нема ликови коишто само висат, они се 5 вкупно на број, коишто само информативно да објаснат нешто на сцена или да донесат писмо за некого или да најават нешто на сцена како што е во класичниот текст. На тој начин, со Викторија заедно се потрудивме да изградиме можност секој лик да има свој почеток, развој, кулминација и крај. Да станат поинакви ликови одошто биле на почетокот на претставата. Дефинитивно сум одушевен од екипата којашто “ потенцираше Христов.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК