7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Држави кои демонстрираат национализам не се во можност искрено и суштински да соработуваат со своите соседи

„Држави кои се соочуваат со внатрешни политички кризи и кои демонстрираат национализам на внатрешен и надворешен план – не се во можност искрено и суштински да соработуваат со своите соседи“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, во интервју за „Цивил медиа“.

Тој додаде дека национализмот подразбира наметнување на еден етникум наспроти друг, а во случајот на Западен Балкан тоа неминовно подразбира и конфликти со соседите и меѓу различните етнички групи кои се прелеваат од една во друга држава.

„Во случај кога постои меѓуетничка нетрпеливост на внатрешен или надворешен план во еден регион, тогаш не се исполнети основните услови за регионална соработка која има потенцијал да даде суштински резултат на кое било поле, вклучително и на поле на зелената економија“ рече Забрчанец.

Во интервјуто тој додаде дека земјите од Западен Балкан имаат капацитети да привлечат големи енергетски инвестиции, но предуслов за тоа е регионот да станува единствен пазар, да се отстрануваат економските бариери и граници и да се обезбедува што е можно повеќе слободен проток на луѓе, услуги, производи и стоки меѓу шесте држави, но и меѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +