16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Финале на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан: Регионална конференција на ЦИВИЛ за перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност

ФБ НАСТАН: Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност

Циркуларната економија е една од најактуелните гранки на зелената агенда во голем дел од светот. Трансформативниот социо-економски процес во контекст на циркуларната економија со себе носи фантастични потенцијали за развој на бизнис модели што носат големи добивки, а воедно ја заштитуваат, па и регенерираат природата и животната средина.

Воедно, циркуларната економија, како и сите други области на зелената агенда, се соочува со голем број предизвици што произлегуваат од воените конфликти, во прв ред руската агресија против Украина.

ЦИВИЛ организира регионална конференција на тема „Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност“ утре, петок, 31 мај, со почеток во 12 часот.

На конференцијата ќе говорат претставнички и претставници на граѓански организации од целиот регион на Западен Балкан. Тие ќе говорат за своите активности, како и за перспективите на циркуларната економија во национални, регионални и глобални контексти.

Конференцијата е дел од Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, регионална манифестација на веќе трета година ја организира регионалната иницијатива ЛогЕкс (LogEx), формирана од еминентната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово.

Работниот јазик на конференцијата е англиски, со симултан превод на македонски.

ФБ НАСТАН: Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност

(ИНФО) Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024

Овогодишната тема на Неделата на циркуларна економија е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ и се одржува од 27 до 31 мај. Медиумските содржини поврзани со темата и со активностите на регионалната иницијатива се објавуваат на веб страницата GREENCIVIL.MK на македонски, албански и англиски, во рубриката ЗЕЛЕНИ на CIVILMEDIA.MK на македонски, и во рубриката TË GJELBRIT на DREJT.MK на албански.

Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата организираат мноштво од паралелни активности со кои ги промовираат добрите практики и знаењата поврзани со предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот.

Регионалната иницијатива на ЛогЕкс (LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржливиот развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има цел да ја промовира интерсекторската и регионалната соработка кои се основа за развој и поттикнување на значајни и позитивни промени во регионот.

ЦИВИЛ