22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

УХМР со вонредни најави за времето – следува невреме со град

Денес и утре, претежно во попладневните часови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Постабилно време се очекува од петок, а дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени.