Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Алтипармаков: Потребна е повеќе мултиетничка и мултикултурна соработка во нашава средина

„Во моментот соработувам со една продукција наречена Реал филм. Со драги пријатели Ратко Букчиќ и Александар Касапинов завршив еден краток филм во 2023. Се уште го промовираме. Треба да има промоција на фестивалот Златна рамка во организација на друштвото на филмски работници. Се надевам дека во скоро време ќе добиеме средства за нов краток филм којшто би бил работен со истата продукција и неколку актери од албанскиот театар. Се работи за една соработка којашто е мултикултурна и мултиетничка, којашто мислам дека е повеќе од потребна во нашава средина“, рече Јане Алтипармаков, филмски работник и режисер во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека сижето на филмот е биографска приказна.

„Се работи за едно случување на колегата Ратко Букчиќ. Се работи за неговата прва љубов. Он доаѓа од Бихач и некои работи коишто му се случуваа пред да започне распадот на Југославија, сакаше да ги запечати во времето преку еден краток филм. Јас се нафатив тоа да го сработам од аспект на режија“ посочи Алтипармаков.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК