23.8 C
Скопје
22. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Ако Бајден не присуствува на мировниот самит за Украина, тоа би било во корист на Путин

Американскиот претседател Џо Бајден треба да присуствува на планираниот мировен самит во Швајцарија за украинскиот конфликт следниот месец со цел средбата да биде успешна, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во Брисел.

Отсуството на Бајден ќе биде од корист за рускиот претседател Владимир Путин, кој издаде наредба за инвазија на Украина во 2022 година, рече Зеленски.

Украина се надева дека ќе биде домаќин на што е можно повеќе земји во обид да го обедини меѓународното мислење за тоа како да се запре војната и да се изврши притисок врз Русија, која веќе зазеде речиси една петтина од територијата на Украина.

Вашингтон го поддржа самитот, но не кажа дали Бајден ќе присуствува.

„Знаеме дека САД го поддржуваат самитот, но не знаеме на кое ниво“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер.

Во неделата Зеленски побара од Бајден и кинескиот лидер Шји Џјинпинг, блискиот сојузник на Путин, да присуствуваат на самитот.

Русија вели дека не гледа никаква смисла во таа конференција./Извор:Makfax