32.8 C
Скопје
13. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦУК: од УХМР, после дождот во Скопско, укажуваат на можни нови пoјави од пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер, при што се препорачува внимателност

Од УХМР, како што најавија локален пороен дожд така и се оствари прогнозата. Конкретно, северните делови од Скопската Котлина беа зафатени од пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер.

Метеоролозите најавија дека имало прилив на нова нестабилна облачна маса, па делови од Скопската Котлина и понатаму ќе бидат зафатени од овие процеси, локално и на места поинтензивни во форма на невреме.

ЦУК, согласно известувањата од УХМР, препорачува голема внимателност се препорачува при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, таму каде што ќе ги има: да се избегнува движење во засеци на ридесто земјиште во природата, по суводолици и многу блиску до речни корита.
Особена внимателност се препорачува да се има при појавата на грмежи и молњи, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Истовремено се потсетува за внимателно возење, како што укажуваат дежурните од АМСМ, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што и вообичаено има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.