30. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како и со кој пакет ќе се осигура бизнисот е прашање на кое секој просперитетен менаџер на компанија треба да има одговор. Да се моли да не се случи штета, загуба од различен размер, е деловен стил на менаџирање од некое постаро време. Осигурувањето на бизнисите не е задолжително, и најверојатно тоа е причина за низок процент на осигурувања во земјава. Но дали е тоа добро?

Дефинитивно не! Осигурувањето е прашање на сигурност, стабилност и долгорочно постоење на една компанија.

Од друга страна секоја компанија има дилема за изборот на осигурување, и природно е да се труди трошокот за премијата за осигурување да биде што понизок, а за тој износ на премија да се добие максимално покритие.

Изборот на вистинско покритие и премија за осигурување е многу важен, и затоа Асоцијацијата на Осигурителни компании дел од Стопанската Комора на Македонија, ќе се обиде да ви помогне како да ја процените вашата изложеност на ризик и каква премија за осигурување да одберете.

На што да внимавате?

 

Воопшто немате осигурување!

Не размислувате за осигурување додека не се случи штетата, што е многу погрешно. Да речеме дека сте компанија која има залихи или сопствен имот или пак голем број работници во производството, тогаш дефинитивно ви треба осигурување за имотот. Квалитетното имотно осигурување се покажува како клучно решение за справување со несакани ситуации кога ќе настанат штети врз деловниот објект, залихата и опремата, за кои бизнисот не е во позиција самостојно да ги надмине. Со имотното осигурување се овозможува бизнисот да продолжи да функционира, со тоа што осигурителната компанија вообичаено ја презема одговорноста за трошоците од штети настанати при пожар, поплава, кражба, кршење на машини, како и последици од прекин на работа и останати чести ризици со кои може да се соочи секој бизнис.

Постојат пакети, кои вклучуваат вообичаени ризицикако и покритија креирани според специфичните потреби на вашиот бизнис. Дополнително, за сеопфатно решение за вашиот бизнис, покрај имотот се осигуруваат и работниците од незгода. Ваквото осигурување ќе ве заштите во случај да има потреба да надоместите материјална и нематеријална штета заради несреќа при работа.  Осигурувањето од незгода или пак колективно осигурување од незгода може да ве заштити и од граѓански тужби кои можат значително да го оптоварат вашиот биланс.

Со купување на осигурување, вие го пренесувате потенцијалниот ризик на осигурување и нема ризик од големи загуби или оштетување на вашата репутација како одговорни бизниси.

 

Погрешно осигурување

Многупати се случувало компаниите да се обидат да наплатат отштета од својата осигурителна компанија и да добијат одговор што не го очекувале. Во тие случаи најчесто се случува да не сте се осигурале на соодветен износ на осигурување кој ја покрива целата штета. Има дури и ситуации кога предизвиканата штета воопшто не е предмет на осигурување со вашата полиса за осигурување.

Осигурајте се дека сте го склучиле осигурувањето што навистина ви е потребно, и дека навистина ги покрива сите ризици со кои се соочува вашиот бизнис. Не гледајте само да ги задоволите основните барања за кредит и да поминете со евтина премија за осигурување, ако таа не ве покрива доволно. Пред да одлучите внимателно согледајте ги сите опции за покритие и продискутирајте ги условите на покритието со вашиот осигурителен консултант/агент.

 

Осигурување на работодавачот- одговорност спрема вработени

Повредите настанати на работно место исто така можат да бидат основа за тужби против вашата компанија. За да избегнете тужби, секогаш е мудро да имате осигурување од одговорност спрема вработените. Најчести причини кои може да бидат предмет на одговорност на работодавачот.:

 

  • Повреди при превоз до/од работно место
  • Повреди при работа во производствен процес,
  • Повреди заради несреќен случај во просториите на работодавецот

 

Проверете каква историја на штети има вашата компанија

Колку долго вашата компанија нема пријавени побарувања? Оваа информација е многу важна за осигурувачите, како при склучување на првото осигурување така и при обновување на осигурувањето. Вашата историја без штети, без оглед на видот на осигурување, може да ви помогне да добиете подобри стапки на премија за ново осигурување. Но, само добивањето на пониска премија не значи дека сте направиле добар договор, можеби вашето покритие е несоодветно. Секогаш проверувајте го квалитетот на покритието зедно со  стапките на премиите кај неколку осигурителни компании.

Размислете, дали сте соодветно осигурани? Можеме многу да ви помогнеме во овој поглед.