Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Владина делегација оддаде почит кон светите браќа Кирил и Методиј: Очекување за натамошна заштита и афирмација на македонскиот јазик

Владата на Република Северна Македонија, во пресрет на утрешниот голем државен празник, 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, организираше настан во чест на просветителите втемелени во создавањето на македонската писменост.

Владина делегација предводена од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи, положи цвеќе на споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оддаде почит на просветителското дело на светите браќа, од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.

Владата на Република Северна Македонија во изминатите години со низа активни политики го заштити и унапреди македонскиот стандарден јазик, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Од пред две години македонскиот јазик е на рамноправно рамниште и со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. И во оваа насока, Владата го потенцира значењето на мудрите и проактивни политики, со цел натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик, идентитет и култура, во демократските семејства на јазици, народи и култури.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +