Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ како што беше за секоја земја членка. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим.
Мојата порака до претседателката на Република Северна Македонија е дека Бугарија очекува промена на реториката и конечно крај на јазикот на омразата, додаде шефот на државата, пренесуваат бугарските медиуми.
Претседателот објасни дека бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Северна Македонија, која престојува во Рим.
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ја предводи државно-црковната делегација на земјата во Италија и Ватикан по повод 24 мај, а настанот е под мотото „Македонија во чест на Св. Кирил“. Од кабинетот на Силјановска информираат дека таа ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, а на 23 мај ќе се сретне и со државниот секретар на Светата столица, монсињор Пјетро Паролини, пишуваат бугарските медиуми.
„Позитивен знак е што претседателката на РСМ покажа стремеж за ваква средба“, одговори Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска-Давкова во Рим.
Тој објаснил дека програмата е исполнета до минута.
„Очекувам дека таква средба ќе има наскоро, додаде тој. Вчера имавме многу продлабочен и пријателски разговор со претседателите на Италија, Португалија и Грција“, рече Радев. Претседателот на РСМ со години го поканувам во Бугарија. Ја поканувам, секако“, одговори Радев на прашањето дали сега ја кани Силјановска-Давкова.
„Сметам дека желбата на PCM за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија“, коментира шефот на државата./Извор:Makfax