Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Викедов преку ден топло, а попладне нестабилно со дождови и град

Во следните денови времето ќе биде значително потопло, но во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР.

Од управата прогнозираат дека локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.

Во Скопје во следните денови сончево и топло, во попладневните часови во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за краткотрајно невреме.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК