24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан се во Котор на самитот на лидерите на Западен Балкан, ЕУ и САД.

Вархеи рече дека Планот за раст е реалност, чија реализација е веќе започната.

– Се чини дека регионот не само што го чувствува тоа, туку и разбира и дава резултати – рече тој.

Тој додаде дека Планот нуди сериозна понуда за регионот и дека „затоа е многу среќен што слуша дека Балканот е оптимист“.

Тој вели дека следната Европска комисија „треба да биде проширена Европска комисија“.

– Проширена, која би имала нови членови до крајот на мандатот. Сосема сум сигурен дека, со сето она што го направивме во овој мандат, Западен Балкан ќе биде дел од тоа проширување – рече Вархељи, а потоа продолжи:

– Со алатките што ги имаме, до 2027 година Западен Балкан ќе добие исто или споредливо ниво на помош како сегашните корисници на нашиот фонд, тоа значи дека ќе достигне 90 проценти од интензитетот на помошта… Нема да има оправдување за Западен Балкан да не биде подготвен до 2027 година за влез во ЕУ – додаде тој.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан изјави дека му се допаѓа Планот за раст.

– Целта е луѓето, стоките и услугите да се движат безбедно, поевтино и побрзо од порано. Убавината на Планот за раст е во тоа што за секој учесник пораката е јасна – работете ја вашата работа и не барајте некој друг да направи нешто прво, за вие да ја завршите вашата работа – посочи Обрајен.