Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Ај у Тетекс! Прашањето што Скопје го знае уште од 1970 година: „ШТО ЌЕ ЈАДЕМЕ ДЕНЕС?“

Секој град има свои приказни, места и вкусови што ги поврзуваат генерациите. Во Скопје, една од тие приказни трае уште од 1970 година и започнува со едно едноставно прашање: „Што ќе јадеме денес?“

Повеќе од половина век, Скопје се менуваше, растеше и добиваше нов ритам. Се менуваа улиците, генерациите и навиките, но останаа местата што со текот на времето станаа дел од градската меморија. ресторанот Тетекс е дел од таа скопска приказна – приказна за препознатлив вкус, доверба и традиција што продолжува да живее и денес. Бидејќи опстојувањето со децении не е само прашање на време, туку и на квалитет, препознатлив рецепт и луѓе што постојано се враќаат.

А таа традиција најлесно се препознава преку вкусот. Мирисот на свежо подготвената скара, сочните плескавици, добро познатите ќебапи, топлите лепчиња и вкусниот помфрит создаваат искуство што буди спомени и отвора апетит. Но, традицијата не значи запирање во времето. Покрај класиците што со години се дел од препознатливото мени, ресторанот ги следи и современите гастрономски трендови со сочни смеш-бургери, нови комбинации и специјални лимитирани менија за оние што сакаат да откриваат нови вкусови.

Денешно Скопје живее брзо, а добриот оброк е дел од секојдневието – без разлика дали станува збор за кратка пауза за ручек, дружење по натпревар, оброк по ноќно излегување или нарачка дома или во канцеларија. Со локации во различни делови на градот, вклучувајќи ги улица Македонија, Старата скопска чаршија, Центар, Карпош, Бит-пазар, Чаир, Ѓорче Петров и Ченто, Тетекс е дел од ритамот на повеќе скопски населби. А кога нема време за посета, можноста за нарачка преку платформите за достава овозможува омилениот оброк да биде дел од денот, без разлика каде се наоѓате.

Можеби токму тоа е причината зошто некои градски приказни траат толку долго: затоа што знаат да го зачуваат препознатливото, а истовремено да се движат со времето. Од генерација на генерација, Тетекс останува поврзан со луѓето, вкусовите и малите ритуали што го прават Скопје посебно. Градот продолжува да се менува, но прашањето останува исто, како и одговорот што многумина го знаат уште од 1970 година.

Се знае… уште од 1970.

Следниот пат кога со друштвото или колегите ќе се запрашате „Што ќе јадеме денес?“, одговорот е веќе добро познат – Ај у Тетекс!

фото ПР Тетекс

Можеби ќе ве интересира

КРЕДИТ ОД 10.000 ЕВРА МОЖЕ ДА ЧИНИ МНОГУ ПОВЕЌЕ – Што треба да проверите пред потпис?

ДЕСК

РЕЧИСИ 200 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ПРЕСМЕТКИТЕ ЗА ЖИВОТ – Синдикатите и Владата со различни потрошувачки кошнички

ДЕСК

БОЖИНОВСКА ОСТАНУВА МИНИСТЕРКА – Собранието ја отфрли интерпелацијата со 63 гласа против

ДЕСК