Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Во среда и четврток ќе биде релативно стабилно, а во петок и за време на викендот ќе има услови за појава на врнежи. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен севеозападен ветер.

Прогноза за 28.10.2026
Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h).

Прогноза за 29.10.2026
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 21°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 30.10.2026
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со услови за повремени локални врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен во североисточните делови.

 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија и ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес

ДЕСК