Centar.mk
СВЕТ

Два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа: Фицо е во стабилна, но сѐ уште тешка состојба

Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но тој сѐ уште е во тешка состојба, соопшти денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.

Фицо бил хоспитализиран, а два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа.

„Во моментот се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, изјави словачкиот министер за одбрана, Роберт Калињак.

Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.

Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +