24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Девојка докторирала на Универзитетот во Аризона на 17-годишна возраст

Американската тинејџерка од Чикаго, Дороти Џин Тилман Сектер, докторирала на Универзитетот во Аризона минатата година на 17-годишна возраст, а на факултет се запишала на десет години.

„Минатиот декември таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација и стана најмладата личност со докторат во областа на интегрираното здравје во однесувањето на Универзитетот во Аризона“, изјави професорката Лесли Менсон за ABC.

Тилман, позната како генијалката Дороти, е внука на поранешната градска советничка во Чикаго, Дороти Тилман./Извор:Makfax