Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари по вчерашната екстрадиција во Македонија.

По речиси 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир, тој вчера беше спроведен со редовен лет на скопскиот аеродром.

Кривичните дела за кој е осомничен се грабнување и убиство на свиреп начин. Двете жртви, 14-годишната Вања и велешкиот фризер Панче, беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември лани. Нивните тела беа пронајдени во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Во овој случај како петоосомничен се јавува и таткото на Вања. Тој се гони за помагање во делото грабнување, а во моментот се наоѓа во домашен притвор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК