Centar.mk
СВЕТ

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за безбедност на Словачка по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

Министерот за внатрешни работи информира дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки „Та3“.

Министерот ова го изјави на прес-конференција во болницата во која Фицо беше опериран по вчерашниот атентат во градот Хандлови, во кој беше тешко повреден кога 71-годишниот напаѓач го нападна со неколку истрели од непосредна близина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Долгата војна во Иран ѝ штети на Украина

C +

Калас во Киев: Русија ќе биде повикана на одговорност

C +

Иран собори американски дрон вреден приближно 30 милиони долари

C +