Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Глумово, повредени млади скопјанки

На 14.05.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +