2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мишев: Иако Македонија забрани руски мрежи, дезинформациите доаѓаат преку српските медиуми

„Македонија како дел од западната алијанса ги забрани РТ, Спутник и слични руски мрежи во Македонија, но ефектот од тоа е 0, бидејќи македонските медиуми комотно ги пренесуваат овие руски медиуми. Не дирекно, доаѓаат информациите преку македонски медиум кој пренесува вест од Тасс, некритички, како што е пратена“ рече уреднукот во Цивил Медиа, Драган Мишев во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека вестите дури и не доаѓаат дирекно од Тасс, туку од српски превод, кој веројатно е полесен за преведување на македонските медиуми.

„Проблемот е што интернетот е сива созна и тешко се контролира, не е регулиран. Тоа се искористува“ рече Мишев.

Тој додаде дека лесно може да се проверат вестите на интернет пребарувачите, за да се види кој и како ја има пренесено информацијата и дали е вистина или дезинформација./