Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановски: Со премостувањето на уставното име претседателката брцна во очи на сите битни меѓународни фактори

„Имавме бурен викенд поради начинот на кој претседателката реши да го премости уставното име во заклетвата. Очигледно брцна во очи на сите битни меѓународни фактори кои се мобилизираа во ден недела за да издаваат соопштенија, да твитаат и тн. Грците чекаат избори во јуни. Екстремната десница едвај чека ваква тема и мислам дека ќе ја имаат оваа тема во кампањата посебно ако не се смири оваа ситуација“, рече новинарот Борјан Јовановски на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека претседателката Гордана Силјановска Давкова била експлицитна во кампањата во однос на тоа како ќе го третира уставното име и дека за неа гласале 550.000 гласачи.

„Последиците кои ќе бидат за Македонија поврзани со толкувањето дека не се почитува Преспанскиот договор, останува да ги видиме. Јас можам да претпоставам, но мислам дека сега касно се зборува за тоа. Повеќе пати имаме зборувано што значи за една мала земја да има добри односи со соседите, да е во Европската Унија, да биде во НАТО. Но, тоа очигледно никому не важи. Гледам дека има едно задоволство во јавноста дека Гордана Силјановска ја прави Македонија повторно горда со тоа што го игнорира уставното име Северна Македонија“, заклучи Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Вечерва Македонија избра луѓе што веруваат во работа, оваа убедлива победа не е крајот, затоа ветуваме дека ќе работиме уште повеќе

ДЕСК

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

ДЕСК

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК