Centar.mk
СВЕТ

ЕУ го повика Израел веднаш да ги прекине операциите во Рафах

Денеска Европската унија го повика Израел „веднаш да ја прекине“ воената операција во Рафах, на југот на Појасот Газа, што ризикува да ги „залади“ односите со Унијата.

„Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафах, тоа неизбежно ќе изврши голем притисок врз односите на ЕУ со Израел“, се вели во изјавата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Израел нареди евакуација на жителите од некои делови на тој град, кој израелската армија го означува како последно големо упориште на Хамас во Газа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ДИПЛОМАТСКИ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА – Британија и Финска бараат продолжување на мировните напори

ДЕСК

ЕУ ПОДГОТВУВА ПРОМЕНИ НА ОЗНАКИТЕ ЗА АПАРАТИ И ГУМИ – Целта е помалку администрација и појасни податоци

ДЕСК

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО БРИТАНСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – Првите три години од средното училиште ќе добијат посебен акцент

ДЕСК