Centar.mk
СВЕТ

Драма во Белград: 23-годишен маж силувал старица и ѝ се заканил дека ќе ја убие

Белградската полиција уапсила 23-годишен маж со иницијали С. З. поради сомнение дека силувал старица во нејзината куќа.

По наредба на Обвинителството му била одредена мерка притвор до 30 дена.

Старицата случајот го пријавила во полиција на 7 мај годинава.

Полицијата набргу го идентификувала и го привела.

Според „Телеграф“, С. З. влегол во куќата на постара жена во една белградска населба. Потоа ѝ побарал пари, а бидејќи немала, ја принудил на секс.

„Жртвата рече дека младиот човек ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави во полиција“, пренесува медиумот.

Несреќната жена добила полесни повреди, а била подложена и на здравствени прегледи, според написите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман

ДЕСК

Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

C +

Погодена рафинерија во Израел

C +